Достапни линкови

Лукашенко инаугуриран за претседател на Белорусија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по петти пат беше инаугуриран на функцијата по изборите во земјата кои од западните набљудувачи беа оценети како неслободни и нефер. Лукашенко на церемонијата во Палатата на независноста во Минск изјави дека се колне оти ќе му служи на народот и ќе ги почитува човековите права и слободи, како и тоа дека ќе го заштитува Уставот и искрено ќе ги исполнува неговите обврски.

По настанот тој ја поздрави одлуката на САД и ЕУ да ги повлечат санкциите врз земјата. Лукашенко е на власт 21 година, а на изборите освои 83,5 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG