Достапни линкови

Уапсени 20 осомничени за врски со ИД во Турција


Турската полиција денеска во реонот околу Анталија уапси 20 лица, кои се осомничени за поврзаност со Исламската држава. Апсењата се извршени во пресрет на Самитот на Г-20, што ќе се одржи во градот на 15 и 16 ноември. Двајца од осомничените се руски државјани.

Турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу изјави дека Исламската држава претставува јасна закана. Тој најави и дека наредните денови ќе бидат спроведени дополнителни полициски акции против милитантите на Исламската држава. На Самитот на Г-20, главна тема ќе бидат борбата против тероризмот и ИД.

XS
SM
MD
LG