Достапни линкови

Со влегувањето на опозицијата во владата се зголемува степенот на контрола на опозицијата врз власта, но од друга страна прашање е колку министрите од СДСМ ќе можат нешто да сменат.

Од зголемена контрола во институциите до неможност за никакви реални промени, се движат оцените на аналитичари по вчерашниот договор на партиските лидери со кој по девет години опозицијата влегува во владата. По 14 часа разговори на партиските претставници, а потоа и на лидерите, и со доцнење од 16 дена од потпишаното во Пржино, договорот е прв човек на МВР да биде генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, а министер за труд и социјала партиската потпретседателка Фросина Ременски. СДСМ ќе биде застапена и преку заменици, односно Александар Кирацовски во министерството за информатичко општество и администрација, Љупчо Николовски во земјоделство и Кире Наумов во финансии.

Со влегувањето на опозицијата во владата се зголемува степенот на контрола на опозицијата врз власта. Двајца министри не се многу, но во секој случај се чекор напред во случај на ограничувањето на власта да прави што сака.

Според професор Темелко Ристески, ова е чекор напред од аспект на демократизација во владеењето.

„Со влегувањето на опозицијата во владата се зголемува степенот на контрола на опозицијата врз власта. Двајца министри не се многу, но во секој случај се чекор напред во случај на ограничувањето на власта да прави што сака“, вели Ристески.

Но, аналитичарот Алајдин Демири е скептичен дека нешто може суштински да се смени за краткото време што останува до изборите.

„Реално ништо не може да се смени ако се земе предвид дека тие во последниве десет години ги направиле сите структури и тие се бетонирани еден министер таму ќе биде гостин. Министерот не ќе може нешто ненадејно да открие и да најде ако немаат претходни анализи каде шкрипи. Инаку министерот како личност немоќен е пред сите и целата апаратура и структура на министерствата“, вели Демири.

Аналитичарите го отвораат и прашањето како во иднина ќе функционираат министрите и замениците, на какви пречки ќе наидуваат, но и како ќе се спроведе договорот од Пржино докрај ако се земе предвид дека и досегашната имплементација одеше тешко.

„Проблематични работи до изборите ќе има многу затоа што самиот договор од Пржино беше проблематичен од старт, од кога се договорија. Сите делови понатаму, од изборот на Катица Јанева, нејзиниот тим, па изборните измени, владата, па и повлекувањето на премиерот сите се тие проблематични точки затоа што власта ги проблематизира“, вели Демири.

Груевски, пак, рано утринава по завршувањето на разговорите рече дека СДСМ настојувал да биде одложен датумот на изборите и дека сето одолговлекување било предизвикано од опозицијата. СДСМ, пак, веќе извесен период тврди дека власта го прави тоа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG