Достапни линкови

logo-print

Украина и Балтикот против нов руско германски гасовод


Лидерите на Украина и на балтичките земји се изјаснија против вториот Нордиски гасовод од Русија за Германија под Балтичкото море. Со овој проект Украина годишно ќе губи над две милијарди долари, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук по состанокот во Рига, додавајќи: „Веруваме дека овој проект не е базиран врз економска, туку врз политичка основа“. Другите лидери го поставија прашањето дали овој гасовод е во согласност со правилата и стандардите на Европската унија. Газпром во јуни се согласи со неколку фирми од Британија, Германија и Австрија како Шел, ЕОН и ОМВ, да почне изградба на Северен тек 2 до Германија со што се избегнува гасоводот преку Украина.

XS
SM
MD
LG