Достапни линкови

logo-print

Во Букурешт повторно протести против корупцијата


Околу седум илјади луѓе, претежно млади, се собраа синоќа на протест во Букурешт против корупцијата на политичката елита, која според нив е одговорна за саботната трагедија во дискотеката, при што загинаа 32 лица. Ова беше трет ден на протести во Букурешт и во други градови на Романија против корупцијата. По протестите во средата оставка си поднесе владата на социјалдемократот Виктор Понта. Претседателот Клаус Јоханис вчера го наименува министерот за образование Сорин Кампеану за привремен премиер. Јоханис рече дека ќе се консултира со цивилното општество и со демонстрантите за составување на нова влада.

XS
SM
MD
LG