Достапни линкови

Германија со посебни центри за мигрантите од безбедни земји


Германија ќе отвори посебни центри за брзо постапување и контрола на мигрантите кои имаат мали можности да добијат азил. Ова е договорено на состанокот на германскиот канцелар Ангела Меркел и нејзините коалициски партнери. Според договорот, ќе постојат три до пет центри за луѓето кои доаѓаат од државите кои се прогласени за безбедни. Целта на посебните центри е барањата за азил да бидат обработени за една недела, а не како досега за неколку месеци. Коалициските партнери исто така се договорија мигрантите на кои ќе им биде дозволено да останат во Германија да не смеат да ги доведуваат роднините во таа земја во наредните две години.

XS
SM
MD
LG