Достапни линкови

Конкретизација на договорот од Пржино


Партиските работни групи денеска треба да ги конкретизираат деталите откако на повеќечасовната лидерска средба во Скопје за договорот од Пржино беше постигнат договор за законите за влада, за таканаречени свиркачи и за заштитата на приватноста што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со „бомбите“. Според договореното, министер за внатрешни работи до изборите напролет ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, а министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, потпретседател на оваа партија. „Ова го правиме да добиеме гаранција за граѓаните за слободно изразена волја на изборите на 24-ти април. Истовремено, во овој период да ја подобриме Македонија со демократизација на институциите затоа што зголемена демократија во институциите ќе значи дека сите сме победници, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на средбата. „Изборите се желба на ВМРО ДПМНЕ да се излезе пред граѓаните и граѓаните да го дадат својот суд. Тие и овој пат ќе покажат пред целата европска и светска јавност дека не е можно со валкани игри да се дојде до победа. Тоа сакам да го види СДСМ, рече премиерот Никола Груевски.Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека победи Македонија и оти е добро што се овозможува земјата преку избори да излезе од кризата и да им се врати на евроатланските интеграции.

XS
SM
MD
LG