Достапни линкови

ОН бараат Ирак да ја намали смртната казна


Комитетот за човекови права на ОН го повика Ирак да ја намали употребата на смртна казна, како и злоупотребата, тортурата и силувањата во затворите во земјата. Комитетот објави голем број на случаи во кои се практикувала смртната казна и начин на нејзината примена во Ирак. Според комитетот, Ирак ја спроведува казната врз основа на признанија изнудени преку тортура. Од крајот на 2013, како што наведуваат од комитетот, биле егзекутирани 240 луѓе во Ирак, а 1700 затвореници се осудени на смрт.

XS
SM
MD
LG