Достапни линкови

logo-print

Партиските лидери расправаат за договорот од Пржино


Попладнево во Клубот на пратениците започна средбата на лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, и ДУИ Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети кои разговараат за решавање на отворените прашања од договорот од Пржино. Во Клубот на пратениците е и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, како и олеснувачот во преговорите, белгискиот експерт Питер Ванхауте. На средбата не е присутен лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Се очекува лидерите да постигнат согласност за законот за влада, односно за министрите и заменици-министрите, како и за законите за необјавување на таканаречените бомби и за свиркачите. Покрај лидерите треба да ги одобрат изборните измени и анкетната комисија кои се сметаат за затворени прашања и за кои веќе беше постигнат договор. До лидерската средба доаѓа по денешните преговори на работната група составена од претствниците на партиите, потписници на договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG