Достапни линкови

Франција испраќа носач на авион против ИД


Носачот на авиони Шарл де Гол.

Француските власти соопштија дека во операциите против Исламската држава во Сирија и Ирак ќе го вклучи и носачот за авиони Шарл де Гол. Одлуката била донесена на средбата на кабинетот за одбрана на земјата. Франција започна воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Сирија во минатиот месец, по една година од нападите врз екстремистичката група во Ирак. Според властите, 271 воздушен напад бил спроведен во Ирак и два во Сирија.

XS
SM
MD
LG