Достапни линкови

Протести во Романија и по оставката на премиерот


Синоќешните протести во Романија.

Синоќешните протести во Романија.

Илјадници луѓе протестираа синоќа во Букурешт и покрај тоа што романскиот премиер Виктор Понта си поднесе оставка од функцијата по несреќата во ноќен клуб при која загинаа 32 лица. Демонстрантите маршираа до зградата на Парламентот барајќи предвремени избори и политички реформи. Протести имало и во останатите поголеми градови. Понта, кој се соочува со обвинение за корупција изјави дека се надева оти оставката на владата ќе ја смири јавноста.

XS
SM
MD
LG