Достапни линкови

Почна средбата меѓу партиите за договорот од Пржино


Почна средбата на работните групи за договорот во Пржино во Клубот на пратеници во Скопје.

На состанокот присуствуваат Никола Тодоров, Силвана Бонева, Билјана Бришковска Бошовски и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски, Фросина Ременски и Цветанка Иванова од СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА.

Посредникот Питер Ванхојте пред средбата не даде изјава, но вчера рече дека каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор. Најспорни точки се законот за влада и законите за „бомбите“ и за „свиркачите“. Пред денешната средба постои оптимизам дека може да биде постигнат договор.

XS
SM
MD
LG