Достапни линкови

Во Украина закани за запирање на повлекувањето на оружјето


Украинската влада и проруските сепаратисти се заканија дека ќе го запрат сегашното повлекување на оружјето доколку бидат нападнати. Украинската армија соопшти дека петмина војници биле ранети од сепаратистичките сили и оти Киев ќе го прекине повлекувањето на оружјето доколку ваквите напади продолжат. Слично предупредување упатија и проруските бунтовници најавувајќи продолжување на борбите против украинските сили. Двете страни го повлекуваат оружјето по примирјето кое стапи во сила на први септември годинава. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека Вашингтон е вознемирен од кршењето на примирјето во изминативе две недели.

XS
SM
MD
LG