Достапни линкови

Рускиот авион бил соборен од Милитанти на ИД?


Доказите сугерираат дека бомба поставена од милитанти на Исламската држава по се изгледа била причината за падот на рускиот авион на египетскиот полуостров Синај, соопштија американски и европски безбедносни извори. „По се изгледа просторот за багаж или на друго место во авионот била поставена експлозивна направа“, изјави за телевизијата Си Ен Ен еден американски официјален претставник. Доколку биде потврдено, тогаш тоа ќе биде за прв пат милитантите на Исламската држава да вршат напад врз патнички авион. Оваа терористичка група соопшти дека го извела нападот во кој на 31 октомври загинаа 224 патници и членови на екипажот, главно Руси.

XS
SM
MD
LG