Достапни линкови

Нуланд: Русија распоредува копнени сили во Сирија


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд изјави дека Русија разместувала тешко оружје и копнени сили во близина на градовите Хомс и Хама како поддршка на офанзивата на сириските сили против бунтовниците. Според неа, руската воздушна кампања во Сирија чинела меѓу две и четири милиони долари дневно. Нуланд ова го изјави на сведочењето во Комитетот за надворешни работи на американскиот Конгрес. Американски претставници оценуваат дека сега во Сирија имало околу 4 илјади руски војници.

XS
SM
MD
LG