Достапни линкови

Ванхауте за денеска најави состанок на работната група


Посредникот во преговорите меѓу политичките партии за спроведување на договорот од Пржино Питер Ванхауте за денеска најави состанок на работната група. „Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор“, изјавил тој за телевизијата Алсат М. На вчерашните билатерални средби, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања, но се уште нема финален договор. Главна пречка била Законот за забрана на идно објавување на прислушувани материјали. Претходно лидерот на СДСМЗоран Заев изјави дека очекува деновиве да бидат заокружени преговорите за Договорот од Пржино. „За нас, алтернатива не постои. Ние веруваме во договорот, што сите страни го потпишаа и само целосна имплементација е излезно решение за Македонија“, рече Заев. И еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека договорот треба да се спроведе и да се одржат фер и транспарентни избори во април следната година.

XS
SM
MD
LG