Достапни линкови

Хан побара спроведување на договорот и фер избори


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан по денешната Трета Спик Ап конференција за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и Турција во Брисел изјави дека договорот од Пржино треба да се спроведе и да се одржат фер и транспарентни избори во април следната година. Според него, доколку се исполни договорот сите европски институции кои ги набљудуваат изборите како ОБСЕ и ОДИХР и Советот на Европа ќе се погрижат да дојдат за да се осигураат дека тоа навистина ќе биде така. Тој порача дека ќе распоредат многу луѓе за да се уверат дека договорот ќе биде испочтуван.

XS
SM
MD
LG