Достапни линкови

Избрани уште 5 обвинители во тимот на Јанева


Специјалната обвинителка Катица Јанева

Специјалната обвинителка Катица Јанева

Советот на јавни обвинители денеска го комплетира тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со изборот на уште петмина обвинители што ќе работат во Специјалното обвинителство. Предвидено е тие утре во 11 часот да положат свечена заклетва и да почнат со работа.

Јанева претходно предложи 14 обвинители што треба да бидат дел од нејзиниот тим, но Советот на јавни обвинители избра само седуммина. Таа тогаш ги повика избраните помошници да не даваат заклетва додека не се изберат и другите седум колеги и со тоа практично се закочи договорот од Пржино. Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, по денешната седница на Советот, изјави дека специјалната обвинителка Јанева денеска доставила повторно барање, но наместо седум, побарала петмина нови обвинители.

XS
SM
MD
LG