Достапни линкови

Вежбите на НАТО за тестирање на можностите


Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Алијансата ги спроведува најголемите вежби по повеќе од една деценија со цел да ги тестира своите можности и да испрати јасен сигнал до Русија и можните непријатели дека нивните капацитети се реални.

Од почетокот на вежбите на 19 октомври во Шпанија, 36 илјади војници од 30 земји, како и десетици авиони и воени бродови земаат учество во нив. Вежбите би требало да завршат на 6 ноември. Според Столтенберг, НАТО не бара да се конфронтира со некого, туку да покаже дека Алијансата е подготвена да ги брани своите сојузници.

XS
SM
MD
LG