Достапни линкови

Товарен авион се урна во Јужен Судан, над 20 жртви


Товарниот авион кој се урна во Јужен Судан

Товарниот авион кој се урна во Јужен Судан

Товарен авион се урна во главниот град на Јужен Судан, Џуба при што загинаа 25 луѓе. Според извештаите, авионот Атонов се урнал при полетувањето во близина на меѓунродниот аеродром. Авионот летал кон Палоч и бил произведен во Русија. Се уште не се знае колку од жртвите биле патници на авинот, а колку од нив се нашле на местото на несреќата. Портпаролот на претседателот Атени Вик Атени изјави дека најмалку две лица преживеале, од кои еден член на екипажот и едно дете. Товарните авиони во Јужен Судан често превезуваат и патници.

XS
SM
MD
LG