Достапни линкови

logo-print

Странци не купуваат станови во Охрид


Станбени згради во Охрид.

Станбени згради во Охрид.

Незначителен е бројот на странци кои купиле станови покрај Охридско Езеро. Упатените велат дека причините се тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО.

Нечленувањето на Македонија во НАТО и Европската унија се главните причини зошто е многу мал бројот на странски државјани кои имаат недвижнини во Охрид велат од Агенциите за недвижнини во градот. Од таму велат кога ова прашање ќе се реши тој број ќе биде многу поголем.

Имаме десетина семејства кои имаат купено станови на охридската ривиера. Нивниот број е незначителен бидејќи Македонија се уште не е член, ниту на НАТО, ниту на ЕУ и тоа е најголемата причина странците да не носат одлука за купување.

„Имаме десетина семејства кои имаат купено станови на охридската ривиера. Нивниот број е незначителен бидејќи Македонија се уште не е член, ниту на НАТО, ниту на ЕУ и тоа е најголемата причина странците да не носат одлука за купување. Ние цениме кога Македонија би ги преминала овие препреки во Охрид ќе има доста купувачи странци. Тие сега најчесто се интересираат, доаѓаат кај нас информативно, но многу тешко носат таква одлука од овие причини“, вели Наташа Спасеска од Агенцијата за недвижнини Капитал.

Спасеска вели дека земено во целост продажбата на станови во Охрид е зголемена за 20-30 проценти. Цените по метар квадратен се движат од 500 до 2.000 евра.

„Во изминатите две години имаме раздвижување на пазарот на недвижности, а тоа се должи од причини што во периодот од 2010- 2014 година имаше значителен пад на цените на становите и тоа помеѓу 10-30 проценти во зависност од нивната местоположба и во зависност од тоа дали се работи за нов или стар стан“, вели Спасеска.

Менди Ќира, сопственик на градежна компанија, вели дека најмногу станови во Струга купуваат Албанците од дијаспората.

„Албанците кои живеат во странство и другите граѓани се определени да купуваат станови во Струга. Во Струга е зголемена и градбата на станови и продажбата на станови, а има зголемување и на цените. Но политичката криза сепак делува во продажбата, вели Менди Ќира, сопственик на градежна компанија од Струга.

Ќира вели дека во Струга се уште има слободни места за изградба на станбени згради.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG