Достапни линкови

Ден на национално единство во Русија


Маршот во Москва по повод Денот на национално единство.

Маршот во Москва по повод Денот на национално единство.

Во Русија денеска се одбележува Денот на национално единство. Во центарот на Москва се одржа провладин марш која започна со едно минутно молчење за жртвите од рускиот авион кој се урна во Египет. Прослава има и во вториот најголем град во Русија, Санкт Петербург, каде исто така им се одаде почит на жртвите од авионската несреќа.

Авионот кој леташе од Шарм ел Шеик до Санкт Петербург се урна на Синајскиот полуостров. Сите патници и членови на екипажот, вкупно 224 луѓе загинаа во несреќата. Денот на национално единство беше предложен од претседателот Владимир Путин со цел да се одбележи победата на Русија над полските сили во 1612 година.

XS
SM
MD
LG