Достапни линкови

„Крали Марко“ едвај дојава во Прилеп


Споменикот на Крали Марко е поставена на градскиот плоштад во Прилеп откако при монтажата бил оштетен, па саниран дел од споменикот. Трошоците за постаментот се покриваат од општинскиот буџет, а авторското идејно решение е владина донација.

„Крал Марко на коњ“ - споменик лиен во бронза во Прилеп дојава со скршена нога на коњот. Вака реагираа прилепчани кои возбудено го следеа составувањето на деловите на оваа грандиозна скулптура, која што е поставена во центарот на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

„Во текот на монтажата настана минимално оштетување на скулптурата на Крал Марко, но тоа се среди за неколку минути и скулптурата е поставена во целиот свој сјај и целата своја грандиозност како за скулптура, така и за симболична вредност на нашиот град“, изјави Бранко Нешкоски, директор на Јавното претпријатие ПУП од Прилеп.

Супер е, направено е добро, само го гледам, нозете му се мали направени.

Споменикот е лиен во бронза во леарницата Панко во Скопје. Трошоците за леење и изработка на постаментот се покриваат од општинскиот буџет, додава Нешкоски, а авторското идејно решение е владина донација.

Авторот, скопскиот вајар Војдан Запро цела година работел на визуелизација на ликот на Крал Марко, остварувајќи бројни средби со прилепчани, каде живее митот за овој историски лик, но консултирал и богата литература.

„За изработка на ова дело од овие димензии, макета во гипс, која што потоа се лие во бронза, требаше околу 4 до 5 месеци, мислам, бидејќи требаше огромен простор, конструкции, скелиња за да се работат многу глина, помош од многу други вајари со кои што работевме заедно“, вели авторот Запров.

Прилепчани пак се восхитени од ова дело. Многумина сметаат покрај толку многу изработени споменици во државата Прилеп одамна требаше да го добие својот Крал Марко, чии тврдини се сè уште зачувани на ридот во близина на градот и според кои, Прилеп ја добил и синтагмата „Марков град“.

„Супер е , мислам дека овој е најубав од сите споменици.“

„Под Маркови кули живееме, порано имаше еден направено од мермерен камен, ама овој денеска е супер.“

„Супер е, направено е добро, само го гледам, нозете му се мали направени“, велат запрашаните прилепчани.

Според најавите наскоро се подготвува и свечено, официјално откривање на споменикот на Крал Марко.

А, легендарниот лик на Крал Марко е исплетен во историјата на овие простори. Според историчаритероден е меѓу 1332 и 1340 година, а загинал на 15 мај 1395-та во битката кај Ровине, на приближно 60 годишна возраст, застанувајќи од страната на турскиот султан Бајазит против влашкиот војвода Јован Мирче.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG