Достапни линкови

Романската влада поднесе оставка по масовните протести


Виктор Понта

Виктор Понта

Премиерот на Романија, Виктор Понта соопшти дека поднесува оставка по масовните протести во Букурешт. Причина за протестите беше пожарот во ноќен клуб во кој 32 луѓе загинаа, а десетици беа повредени на 30 октомври. Над 20 илјади луѓе вчера бараа оставката на целата влада.

„Го предавам мандатот, поднесувам оставка, а имплицитно и мојата влада“, изјави Понта.

Тој претходно поднесе оставка и од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување.

XS
SM
MD
LG