Достапни линкови

logo-print

САД: Борбата против руската пропаганда, долгорочна


Американскиот заменик помошник државен секретар за Европски и Евроазиски работи Бенџамин Зиф изјави дека американските напори против дезинформациите и пропагандата на Кремљ ќе бидат долгорочни и оти во нив е вклучено и зајакнување на независните медиуми во Источна Европа и Евроазија. Тој во сенатскиот Комитет за надворешни работи изјави дека администрацијата на Барак Обама предложила зголемување за 23 насто на средствата во следната фискална година за граѓанските групи и независните медиуми во земјите кои се „најранливи на рускиот притисок“. „Слободен проток на сигурни информации е нашата најдобра одбрана“, рече Зиф.

XS
SM
MD
LG