Достапни линкови

Уапсени шверцери на луѓе во Шпанија и Полска


Еуропол соопшти дека биле уапсени 29 лица во Шпанија и Полска под сомневање дека организирале шверц на Пакистанци за да работат во робовски услови. Станува збор за организирана мрежа која ги транспортирала луѓето од Турција и Либија преку Медитеранот. Тие требало да работат во ресторани со фалсификувани документи. Секој од нив за оваа услуга плаќал по 14 илјади евра. Тие не примале плата и немале социјални бенефиции.

XS
SM
MD
LG