Достапни линкови

Антивладини протести во Букурешт


Над 13 илјади луѓе синоќа протестираа пред зградата на Владата во Букурешт, барајќи оставка од премиерот Виктор Понта и министерот за внатрешни работи Габриел Опрја поради пожарот во ноќниот клуб при што загинаа 32 лица. Тие исто така побараа оставка и од градоначалникот на четвртиот реон на Букурешт, каде што се наоѓа ноќниот клуб „Колектив“ во кој избувна пожарот. Ноќниот клуб бил отворен во поранешна фабрика за обувки во центарот на Букурешт и ги немал потребните дозволи за организирање на концерти, како и за изведување пиротехнички спектакли. Во пожарот што изби во петокот за време на концерт, 26 луѓе загинаа на место, а приближно 200 беа повредени.

XS
SM
MD
LG