Достапни линкови

Нов самит на ЕУ за мигрантската криза


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск свика нов состанок на лидерите на Европската унија со цел да се најдат брзи решенија за мигрантската криза. Самитот би требало да се одржи на 12 овој месец по веќе најавениот состанок на лидерите на Унијата со земјите од Африка на Малта. „Ако сакаме да го избегнеме најлошото мора да ги забрзаме нашите акции“, наведува Туск, предупредувајќи дека Шенгенскиот систем, едно од најголемите достигнувања на Европската унија, е во опасност доколку Унијата не ги обезбеди нејзините надворешни граници. Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во минатата недела ги предупредија земјите членки дека не дејствуваат доволно брзо за решавање на кризата. Европа се соочува со најголемиот миграциски бран од Втората светска војна. Само во оваа година над 750 илјади мигранти и баратели на азил пристигнаа во Европа преку море. Повеќето од нив се од со војна зафатената Сирија.

XS
SM
MD
LG