Достапни линкови

logo-print

Директна железничка линија за мигрантите од Србија до Хрватска


Србија и Хрватска започнаа транзит на мигранти преку директна железничка линија од едната до другата земја со цел да се елиминираат тесните грла кои би ги принудиле мигрантите да чекаат со часови на ладното време. Воз со околу 1000 мигранти утрината тргнал од српскиот град Шид кон хрватскиот град Славонски Брод, каде властите поставиле транзит центар.

Српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин изјави дека четири до пет воза секојдневно ќе пренесуваат мигранти до Хрватска. Од Славонски Брод мигрантите ќе бидат транспортирани до Словенија.

XS
SM
MD
LG