Достапни линкови

logo-print

Помош за УНХЦР за бегалците во Западен Балкан


Европската комисија денеска соопшти дека обезбедила дополнителна финансиска помош за Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР во износ од два милиони евра. Хуманитарната помош е со цел да се задоволат основните потреби на бегалците и азилантите што во моментов транзитираат низ земјите од Западен Балкан. УНХЦР на околу 200.000 бегалци ќе им обезбеди топла облека за зимата и привремено засолниште и заштита на локалитетите за прием во регионот. Парите за УНХЦР се дел од пакетот хуманитарна помош од 17 милиони евра со кои ќе им се помогне на Србија и Македонија да се справат со бегалската криза.

XS
SM
MD
LG