Достапни линкови

Учениците во Дебар заинтересирани за стручни училишта


Архивска фотографија - ученици во Дебар.
Архивска фотографија - ученици во Дебар.

Една третина од околу 300 учениците кои завршиле во Дебар се запишале во стручни средни училиште во други градови. Упатените велат дека така си ја зголемуваат шансата за вработување.

Последните неколку години многу ученици од општина Дебар кои завршуваат деветолетка, своето средно образование го продолжуваат во други градови од земјава бидејќи се запишуваат на средни стручни училишта, а нив во Дебар ги нема. Оваа година повеќе од 100 завршени основци се запишани во средните стручни училишта во Струга, Охрид, Гостивар, Тетово и Скопје, така што во Дебарската гимназија иако беа планирани да се запишат 306 ученици во прва година, бројката е многу помала.

Родителите сматаа дека со стручните средни училишта се доаѓа побрзо до вработување. Исто така има некои кои велат дека во странство се наоѓа работа со средните стручни училишта.
Неат Селманоски, заменик директорот во гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар.

„Во нашата гимназија во оваа учебна година се запишани 200 ученици од кои 65 со настава на македонски јазик и 135 во паралелките со настава на албански јазик. Пет паралелки се со настава на албански јазик, додека три со настава на македонски јазик. Во споредба со минатите години бројот на запишани ученици е поголем за 35 и сите се во паралелки со општа гимназија“, вели Неат Селманоски, заменик директорот во гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар.

Според него во пораст е бројот на учениците кои завршуваат деветолетка, а потоа бараат уписи во средни стручни училишта. Причината според него е во можноста за брзо вработување.

„Од нашите информации, во Општината имаат завршено деветолетка над 300 ученици. Две третини се запишани во Дебар во гимазијата, но една третина се запишани на стручни училишта надвор од Дебар и тоа во Гостивар, Скопје, Охрид и други градови. Најмногу се запишани во средните медицински училишта, но ги има и во средни училишта за угостителство, техничари, електро и машински насоки и друго. Родителите сматаа дека со стручните средни училишта се доаѓа побрзо до вработување. Исто така има некои кои велат дека во странство се наоѓа работа со средните стручни училишта.“

РСЕ : Има ли и оваа нова учебна година завршени основци кои не го продолжија школувањето во средните учелишта и покрај тоа што сега тоа е законска обврска?

„Има за жал. Од кога се воведе Законот за средно образование, бројот на учениците кои не го продолжуваат средното образование е сè помал поради строгите казни кои се предвидени со Закон. Но велам повторно, за жал, има мала бројка која не го продолжува средното образование“, вели Селманоски.

За проблемот околу потребата за отворање на стручни паралалки во дебарското средно општинско училиште е расправано многу често и на ниво на локалните институции. Општа е оценката дека ако се отворат стручни паралелки во средното училиште во Дебар тогаш се отвара и проблемот со кадарот.

Инаку и во општините Центар Жупа и Маврово - Ростуше оваа нова учебна година речиси е преполовен бројот на запишани ученици во прва година во гимназиските паралелки, бидејќи многу завршени ученици во деветолетките се запишани во средни професионални училишта во земјава.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG