Достапни линкови

Загинаа 8 Ерменци во сообраќајна несреќа во Русија


Автобусот во кој се превезувале ерменските државјани.

Автобусот во кој се превезувале ерменските државјани.

Осум луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени кога еден автобус кој превезувал ерменски државјани се превртел во Русија. Локалните власти од регионот Тула соопштија дека автобусот патувал до главниот град на Ерменија, Ереван. Полицијата соопшти дека возачот загубил контрола на автобусот во кој се превезувале 57 патници. Во тек е истрага за причината за несреќата.

XS
SM
MD
LG