Достапни линкови

Русија сака да биде домаќин на сириските разговори


Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов.

Руските власти соопштија дека сакаат да бидат домаќини на преговорите меѓу сириските власти и опозициските лидери во земјата во текот на наредната недела. Заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов изјави дека ќе ги поканат претставниците на сириската опозиција на консултации во Москва на кои најверојатно ќе присуствуваат и претставници на сириските власти.

Предлогот се очекува да биде разгледан утре на средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

XS
SM
MD
LG