Достапни линкови

Идентификувани 10 тела на жртвите од авионската несреќа


Остатоци од рускиот авион кој се урна на египетскиот полуостров Синај.

Остатоци од рускиот авион кој се урна на египетскиот полуостров Синај.

Руските власти соопштија дека првите 10 тела на жртвите од авионската несреќа биле индентификувани од нивните семејства. Рускиот авион се урна на египетскиот полуостров Синај на 31 октомври. Авионот леташе од Шарм ел Шеик кон Санкт Петербург. Сите патници и членови на екипажот, повеќето од нив Руси загинаа во несреќата. Алексеј Смирнов од министерството за вонредни работи изјави дека останките на поголемиот дел од жртвите биле пренесени во Санкт Петербург во изминатите денови. Се уште не е јасно која е причината за несреќата.

XS
SM
MD
LG