Достапни линкови

Сателитски снимки сугерираат експлозија во рускиот авион над Синај


Сателитски снимки не ги потврдуваат наводите дека ракета би можело да биде причина за уривањето на рускиот патнички авион над египетскиот полуостров Синај во изминатиот викенд, соопштија американски официјални претставници. Топлината детектирана со инфраред сателитски камери сугерира дека авионот бил уништен од внатре од бомба или пак од експлозија на резервоарот за гориво. „Имало некаков вид експлозија, но нема докази дека таа била од ракета“, изјавил еден американски официјален претставник за телевизијата Ен Би Си. Во експлозијата загинале 224 патници и членови на екипажот. Авионот летал за Санкт Петербург.

XS
SM
MD
LG