Достапни линкови

logo-print

Истрага против сопствениците на ноќниот клуб во Букурешт


Романското Обвинителство покрена истрагата против тројцата сопственици на ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, под обвинение за убиство без предумисла и предизвикување телесни повреди. Претходно тие дадоа изјава за пожарот што изби во петокот во „Колектив“ при што загинаа 30 лица, а 180 се повредени. Околу 90 лица се уште се во болница во тешка или критична состојба. Сведоците посочија дека искра од пиротехничкото шоу на хеви метал групата го запалила декорот на сцената, а ноќниот клуб имал само еден излез.

XS
SM
MD
LG