Достапни линкови

Вашингтон загрижен за новинарите во Турција


Белата куќа изрази жалење поради притисоците и застрашувањата новинари во текот на кампањата за парламентарните избори во Турција на кои убедливо победи партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Соединетите држави му честитаат на турскиот народ за учеството во изборите. Сепак сме загрижени за фактот дека медиумите и новинарите кои се критички настроени спрема владата биле предмет на притисоци и застрашувања за време на кампањата“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст. Претходно ОБСЕ го поздрави големиот политички спектар понуден на турските гласачи, но го осуди мешањето во уредувачката автономија на медиумите од страна на конзервативниот режим на Ердоган.

XS
SM
MD
LG