Достапни линкови

На Грција и треба помош за мигрантите


Шефот на еврогрупата Јерун Дијсеблум изјави дека на Грција, која се бори со финансиски тешкотии, и е неопходна помош во справувањето со големиот број мигранти и бегалци кои преку нејзина територија се обидуваат да влезат во Европа. „Грција не може сама даизлезе на крај со овој голем хуманитарен предизвик“, изјави тој, наведувајќи дека Европската комисија би требало да ги земе предвид финансиските последици од бегалската криза кога ќе се изјаснува за буџетите на земјите членки кои се изложени на таа криза.

XS
SM
MD
LG