Достапни линкови

Уапсени уредници на критички неделник во Турција


Двајца уредници на списание кое е критички настроено кон турската влада се уапсени денеска, а последното издание на неделникот Нокта е запленето по еден ден откако владејачката Партија на правдата и развојот победи на парламентарните избори. Неделникот објави постизборно издание насловено „Понеделник, втори ноември, стартот на турската граѓанска војна“. Насловот бил дополнет со слика на претседателот Реџеп Таип Ердоган, основачот на партијата.

Апсењето е по рацијата на 27 октомври на медиумска групација критички настроена кон Ердоган и по одлуката на властите два телевизиски канали повеќе да не се емитуваат во земјата.

XS
SM
MD
LG