Достапни линкови

logo-print

Кери-Русија да помогне за политичко решение во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија треба да помогне во пронаоѓањето на политичко решение за Сирија, а не само да го поддржува режимот на претседателот Башар ал Асад. Според Кери, кој е во посета на земјите од Централна Азија, многу е важно од која причина Русија е присутна во Сирија. Доколку, како што наведува Кери е само за да го поддржи режимот, тогаш тоа е проблематично. Руските воздушни сили во минатиот месец започнаа офанзива против милитантите на Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG