Достапни линкови

logo-print

Ирачкиот Парламент ги намали овластувањата на премиерот


Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачките законодавци гласаа за намалување на овластувањата на премиерот Хаидер ал Абади во донесувањето на реформите. Со тоа премиерот ќе биде принуден да бара одобрение од Парламентот пред да се донесат важни реформи. Законодавците соопштија дека гласањето не е против планот на Абади за реформи, туку Парламентот да ја оддржи поделеноста на власта меѓу Владата и законодавниот дом.

Одлуката на Абади да се разрешат потпретседателите и замениците на министрите, како и кратењето на платите на владините службеници не наиде на одобрување кај политичките партии. Абади го најави реформскиот план во август по масовните протести против корупцијата, неодговорното трошење и лошите услуги.

XS
SM
MD
LG