Достапни линкови

logo-print

Оер повика да му се даде шанса на Договорот од Пржино


Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер

Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер денеска изрази загриженост за спроведувањето на договорот од Пржино. Но, воедно изјави и дека веруваат во него и оти на договорот треба да му се даде шанса тој да биде спроведен во целост.

Оер при средбата во Собранието со пратеничката група за пријателство со францускиот Парламент не кажа дали Македонија ќе ја загуби препораката за членство во ЕУ или таа ќе биде условена. Но, таа потврди дека набрзо ќе биде објавен новиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Според неа, одговорност за спроведување на договорот од Пржино имаат сите негови потписници.

XS
SM
MD
LG