Достапни линкови

Изборите во Азербејџан без поголеми прекршувања


Гласањето во Азербејџан.

Гласањето во Азербејџан.

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа соопшти дека на парламентарните избори во Азербејџан не забележале некои големи системски прекршувања. Но, наведуваат дека имало ситни полнења на гласачките кутии во неколку изборни места. Од ОБСЕ одбија да испратат набљудувачи во Азербејџан откако властите на земјата бараа да се ограничи нивниот број.

Владејачката партија во Азербејџан освои големо мнозинство на изборите кои ги бојкотираше опозицијата. Партијата на претседателот Илхам Алиев кој е на власт 12 години освои најмалку 69 од 125 места во парламентот.

XS
SM
MD
LG