Достапни линкови

Битолската опозиција критикува дека лошите владини политики придонесуваат за иселувањето од градот. Од владејачкото мнозинство велат дека владата отвора нови работни места за младите да останат во градот.

Советот на општина Битола им даде согласност на основните и средните училишта да формираат паралелки со помал број на ученици од законскиот минимум кој изнесува 24. Состојбата се должи на намалениот наталитет, а во последно време и од големиот тренд на исeлување. Советниците од опозицијата сметаат дека состојбата е загрижувачка.

Кога јас учев немаше клас со помалку од 30 ученици, денес во основното училиште „Ѓорги Сугарев“ има одделенија со по 8 и 9 ученици. Училиштето „Гоце Делчев“ во строг центар на градот со одделенија до 10 до 11 ученици.

„Треба да загрижува дека и пред 50 години учевме ние во тие училишта, а сега и нашите деца. За десет години не успеавме да изградиме ни еден објект, ни за средно, ни за основно училиште. Тоа е така зашто не се запишуваат деца, нема деца, тоа е лош резултат на политиката на Владата на Република Македонија. Во земјоделското училиште се запишале само 22 ученици во прва година за земјоделските струки. И спортската паралелка е измислена и лоцирана во земјоделското училиште само за да не биде затворено земјоделското училиште“, изјави Валентин Груевски од ЛДП.

„Кога јас учев немаше клас со помалку од 30 ученици, денес во основното училиште „Ѓорги Сугарев“ има одделенија со по 8 и 9 ученици. Училиштето „Гоце Делчев“ во строг центар на градот со одделенија до 10 до 11 ученици. Во руралните места има комбинирани паралелки со 4 до 7 деца. Ако на битолчани им било добро во Битола, сигурно немало да има толку малку деца. Имаме ненормална миграција од градот“, изјави Габриела Илиевска од ВМРО-НП.

Советникот Томе Наумов од СДСМ се надоврза дека е голем бројот на интелектуалци кои ја напуштија Битола.

„Интелектуалниот егзодус кој ни се случува е страшен. Вистински одговор барем засега не гледам во нашето општество. Тоа продолжува и не знам до каде ќе оди“, рече тој.

Од советничкото мнозинство со одговор дека Владата прави напори да овозможи подобри услови за живот со што ќе се спречи бранот на иселување.

„За намалувањето на бројот на ученици во училиштата и за иселувањето на младите од градот, како горлив проблем се соочуваме сите ние во државата и ова не е само наш проблем, туку проблем на сите балкански земји. Со укинувањето на визите за европските земји се отвори европскиот пазар на кој секој со своето образование и квалитет може да конкурира. Токму за да се задржи населението се сите напори на Владата за отворање на нови работни места и привлекување на странски инвестиции“, изјави Соња Трпезановска, советничка од ВРМО-ДПМНЕ.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG