Достапни линкови

Лавров: помагањето на Русите во странство, безусловен приоритет


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека давањето секаква помош на русите кои живеат надвор од Русија претставува „безусловен приоритет на руската надворешна политика“. Тој ова го пишува во написот објавен денеска во весникот на руската влада „Росискаја газета“. „Како што претседателот Владимир Путин повторува, ние ентузијастички ќе ги браниме правата на нашите сонародници, користејќи го притоа целиот арсенал на мерки што се предвидени со меѓународното право“, пишува Лавров во пресрет на 5 ноември кога во Москва започнува Светскиот конгрес на русите кои живеат во странство.

XS
SM
MD
LG