Достапни линкови

logo-print

САД и Јужна Кореа најавија поголема воена соработка


Соединетите држави и Јужна Кореа најавија интензивирање на воената соработка поради заканата од Северна Кореа. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер и неговиот јужнокорејски колега Хан Мин Ко на средбата во Сеул ги осудија намерите на Северна Кореа да го продолжи тестирањето на ракетите кои можат да носат нуклеарни боеви глави. Соединетите држави во Јужна Кореа имаат стационирано над 28 илјади војници.

XS
SM
MD
LG