Достапни линкови

На изборите во Азербејџан победи владејачката партија


Илхам Алиев

Илхам Алиев

Владејачката партија во Азербејџан освои големо мнозинство на парламентарните избори кои ги бојкотираше опозицијата. Партијата на претседателот Илхам Алиев кој е на власт 12 години освои најмалку 69 од 125 места во парламентот. Од доаѓањето на власт на Алиев во 2003 година ниту едни избори меѓународните посматрачи не ги оцениле за демократски. Пред вчерашните избори опозицијата и невладините организации ја обвинија владата дека уапсила многумина опозициски активисти и оти им го ограничила правото на партиите да водат изборна кампања. Во Азербејџан право на глас имаат скоро шест милиони жители.

XS
SM
MD
LG