Достапни линкови

Партијата на Ердоган уште 4 години на власт


Turkey -- Turkish President Recep Tayyip Erdogan (R) greets supporters after casting his vote at a polling station in Istanbul, Turkey, 01 November 2015.

Turkey -- Turkish President Recep Tayyip Erdogan (R) greets supporters after casting his vote at a polling station in Istanbul, Turkey, 01 November 2015.

Турскиот премиер Ахмет Давитоглу го прогласи изборниот ден како „ Ден на победа“ за неговата владејачка партија. Изборните резултати од вторите парламентарни избори годинава покажуваат дека владејачката партија освои 49,35 % од гласовите, што значи дека таа ќе има 316 места во парламент од вкупнно 550 члена, односно со овие избори си ја врати можноста самостојно да управува преку Парламентот во наредните четири години. АКП, која на власт е од 2002 година, првпат по тринаесет години го загуби самостојното мнозинство во турскиот Парламент на претходните избори, одржани неодамна, на 7 јуни, кои не резултираа со парламентарен состав што ќе може да состави влада, по што мораше да се оди на нови избори.

Турската прокурдска Демократска партија ги нарече изборите „разочарувачки“ иако успеа да ги освои потребните 10 проценти за влез во Собранието. По соопштувањето на резултатите во југоисточниот дел на државата каде што мнозинското население е Курди избија судири на демонстранти со полиција поради незадоволството од резулатите

XS
SM
MD
LG