Достапни линкови

Гласањето во Турција заврши


Гласачките места во Турција се веќе затворени. Граѓаните по втор пат годинава гласаа на парламентарни избори, откако на претходните во јуни завршија без формирање на Влада. Изминатиов период беше проблематичен за турските граѓани поради крвавите напади и обновениот конфликт со Курдите.

Во изминатава деценија партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган АКП доминираше на партиската сцена на Турција, што му овозможи на Ердоган да ја зацврсти својата политичка моќ. На врвот на својата популарност во 2013 година, Ердоган уживаше поддршка на околу 62 проценти од населението, но сега, според најновите истражувања, повеќе од половина од Турците имаат негативно мислење за него, а само 39 проценти се уште го поддржуваат. Првите резултати се очекуваат да бидат соопштени за неколку часа.

XS
SM
MD
LG