Достапни линкови

logo-print

Цвеќе и свеќи во чест на загинатите во авионската несреќа


Стотици луѓе положуваат цвеќиња и свеќи, а за дечињата играчки на местото каде што требаше рускиот авион да слета на аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Во Русија е прогласен ден на жалост поради авионската несреќа ви Египет при која загинаа сите 224 руски патници. Граѓаните велат дека уривањето на авионот и смртта на нивните двесте сограѓани многу ги погодува, и сметаат дека треба да се внимава многу повеќе на безбедноста.

Руските истражувачи пред малку ја напуштиле мртовечницата во Каиро каде вршат истраги за случајот и каде се наоѓаат дел од жртвите на кобниот лет А-321.Најмалку 83 истражувачи од руското Министерство за вонредни состојби се вклучени во операцијата.

Иако египетскиот огранок на екстремистичката група Исламска држава (ИС) соопшти дека неговите припадници го собориле патничкиот авион кај Синајскиот полуостров, руските власти велат дека таа информација не може да се смета за вердостојна и дека истрагата ќе покаже која е причината за ваквата трагедија.

XS
SM
MD
LG